Утрински Весник
Свет

(Видео) Огромна дупка проголта автомобили во Лос Анџелес

(Видео) Огромна дупка проголта автомобили во Лос Анџелес

Две лица заробени во автомобил проголтан од голема дупка беа спасени во Лос Анџелес. Дупката е последица од зимската бура што предизвика хаос во Јужна Калифорнија.

dobivaj vesti na viber

Пожарникарите пронашле две возила едно врз друго на приближно 4,5 метри под нивото на улицата.

Спасувачкиот персонал користел јаже и скала поставена над дупката за да го спушти спасувачот до девојката и жената, кои биле прицврстени со појас и подигнати на површината.

Тие се хоспитализирани со полесни повреди. Уште две лица излегле од дупката пред да пристигнат пожарникарите. Тие не се повредени.

Возилата останаа во дупката додека дождот продолжи да паѓа во Јужна Калифорнија. Фотографиите покажаа дека возилата потонале уште подалеку во дупката.

Патот е затворен за сообраќај.

Можете да прочитате

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија и покрај заканите од Унгарија

ЕУ почна огромен проект за инвестирање во одбраната

Русија ја прогласи Велика Британија за свој главен непријател: Протерани дипломати и заострување на напнатоста