Утрински Весник
Свет

Белгиски хуманитарец осуден на 40 години затвор и 74 удари со камшик во Иран

Белгиски хуманитарец осуден на 40 години затвор и 74 удари со камшик во Иран

Иран денеска објави дека го осудил притворениот белгиски државјанин Оливие Вандекастил на 40 години затвор за наводна шпионажа, соработка со САД против Техеран и перење пари.

dobivaj vesti na viber

Полуофицијалната новинска агенција Тасним објави дека Белгиецот ќе добие и 74 удари со камшик.

Осудениот Белгиец е хуманитарниот работник Оливие Вандекастел, кој беше уапсен во февруари и ги отфрли сите обвиненија против него.

Уставниот суд на Белгија неодамна го суспендираше договорот меѓу Иран и Белгија со кој ќе се спроведе можна размена на затвореници меѓу двете земји, но министерот за правда Винсент ван Кујкенборн претходно рече дека договорот сепак ќе биде правно релевантен во случајот Ванденкасл,пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Синот на норвешката принцеза обвинет за силување и сексуален напад

Трамп: Ги прекинуваме сите трговски преговори со Канада

Шпанија се подготвува за топлотен бран – температурите над 40 степени