Утрински Весник
Македонија

Приведени седуммина крадци од Штип, расчистени 16 кривични дела

Кривична пријава против полицаец кој истепал приведено лице

Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности, расчистија 16 кривични дела тешка кражба од куќи, возила, градежен објект, продавница и од лабораторија во Клиничката болница Штип, извршени на територијата на град Штип при крајот на минатата и почетокот на годинава.

dobivaj vesti na viber

Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени Н. И. (23), Е. Ј. (18), С. Н. (31), А. М. (39), Н. М. (41) и двајца малолетници, сите од Штип. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела.

Повеќето од украдените предмети биле пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. Според полицијата, по комплетирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можете да прочитате

Четврток и петок, 25/26 јуни повторно ни носат попладневен пороен дожд и грмежи

Во Собранието седница за поставување пратенички прашања

Температури до 38 степени, попладне можно локално невреме