Жоао Феликс пристигна во Лондон каде ќе потпише договор со Челси. Новинарите го снимија неговото доаѓање, што значи дека трансферот од Атлетико е договорен и остануваат уште само лекарските прегледи.
Португалските медиуми пренесуваат дека Феликс синоќа допатувал во британската престолнина откако вчера во текот на денот беше постигнат договорот меѓу Атлетико и Челзи за шест месечна позајмица.
Лондонскиот клуб се согласи да плати околу 11.000.000 евра за позајмицата, во која е вклучен и остатокот од платата на Феликс во Атлетико до крајот на сезоната. Сумата се движи помеѓу 5.000.000 и 6.000.000 евра нето.
Жоао Феликс е најскапото засилување во историјата на мадридскиот клуб, кој во летото 2019 година ја плати откупна клаузула од 120.000.000 евра плус 7.200.000 евра на разни провизии и даноци за неговиот трансфер од Бенфика.
Но, во Мадрид тој никогаш не ги оправда очекувањата иако имаше некои светли моменти. Тој многу осцилираше во формата, никогаш не се навикна на одбранбениот стил на Диего Симеоне и на крајот имаше големи несогласувања со аргентинскиот стручњак кој го пресели на клупата.
Вкупно на 131 натпревар постигна 34 гола и забележа 16 асистенции. На крајот отворено побара трансфер и клубот немаше друг избор освен да му даде зелено светло.
✈️🔵 João Félix is travelling to London to complete his move to Chelsea. pic.twitter.com/3jOlTuJMV5
— EuroFoot (@eurofootcom) January 10, 2023