Утрински Весник
Македонија

Клиниката „Жан Митрев“: На суд ќе докажеме дека обвинението нема никаква основа

„Жан Митрев“ : Во клиниката никогаш не се правело клиничко испитување, очекуваме надлежните да го потврдат истото

Обвинението нема никаква основа, велат од Клиниката „Жан Митрев“, откога Јавното обвинителство денеска поднесе обвинение за измама против доктор Жан Митрев и неговата клиника.

dobivaj vesti na viber

„Се гледаме на суд е нашиот одговор на денешната одлука на Основното јавно обвинителство да се гони д-р Жан Митрев за измама. Оваа лакрдија од неосновани напади на суд ќе мора да се докаже, а ќе биде тешко да се докаже бидејќи вистината е дека ниту еден пациент не бил измамен и сите третмани и процеси во болницата биле јавни и транспарентни и во интерес на пациентите. Со тоа на суд ќе падне и самото обвинение на ОЈО.

Повторуваме дека Клиниката и во најтешките периоди работеше според највисоки здравствени стандарди, транспарентно и во согласност со веќе утврдени и дозволени методи на лекување кај нас и во светот. Со ова ќе ги докажеме вистината и фактичката состојба за нашата работа дека сè што беше направено во Клиниката „Жан Митрев“, беше за пациентите и според дозволени методи и стандарди на лекување.

Ние како клиника во текот на целиот овој процес целосно соработувавме со институциите и ги отстапивме сите наши материјални и човечки капацитети со цел вистината да излезе во јавност и транспарентно да се докаже дека наша цел и функција отсекогаш биле да лекуваме и да им дадеме најдобра медицинска нега на пациентите. Така и ќе остане во иднина“, велат од Клиниката „Жан Митрев“.

Можете да прочитате

Дали поради Христовски ќе се скараат Апасиев и носителот на Левица во ИЕ6?

Амбасадата на Србија најостро го осуди нападот на нејзиниот Конзулат во Куманово

ОЈО бара притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза за вчерашните инциденти со македонското знаме