Најмалку 17 лица загинаа во најновите судири меѓу приврзаниците на поранешниот претседател Педро Кастиљо и полицијата во југоисточниот дел на Перу, јавува Ројтерс.
Повеќе од 68 лица се повредени во градот Хулијака, според Министерството за здравство, во еден од најтешките судири откако поранешниот претседател Кастиљо беше уапсен минатиот месец поради обид за распуштање на Конгресот.
Неговите поддржувачи бараат новата претседателка Дина Болуарте да поднесе оставка и да распише предвремени избори.
Перу со години е во политички превирања, а последната криза дојде откако Кастиљо минатиот декември објави дека го распушта Конгресот и воведува вонредна состојба, но претставничкото тело со големо мнозинство гласаше за негово отповикување.
Кастиљо моментално е во притвор и под истрага под обвинение за бунт и заговор.
Новата влада воведе вонредна состојба и ја ограничи слободата на собирање на граѓаните, но демонстрациите против Дина Болуарта, во кои досега животот го загубија најмалку 39 лица, се уште траат, пренесува Ројтерс.