Утрински Весник
Свет

Руски авион полн со патници принудно слета поради дојава за бомба

Руски авион полн со патници принудно слета поради дојава за бомба

Авион на руската компанија „Азур ер“ со 244 патници и членови на екипаж принудно слета во воена база во Индија поради закана за бомба, соопштија денеска локалните власти.

dobivaj vesti na viber

Авионот летал од Москва за Гоа во југозападна Индија, а слетал доцна синоќа во базата на индиските воздухопловни сили во Џамнагар, во државата Гуџарат.

Според локалните медиуми, авионот принудно слетал откако авиокомпанијата добила е-пошта во која се наведува дека во авионот има бомба. Руската амбасада во Индија соопшти дека добила дојава од индиските власти.

Сите 236 патници и осум членови на екипажот се безбедни.

Можете да прочитате

Стотици ЛГБТК+ католици на поклонение во Рим

Путин: Западните сили во Украина ќе бидат легитимни цели за уништување

Израел уништи уште една станбена кула во градот Газа