Утрински Весник
Спорт

Црвена звезда го потврди трансферот на Олајинка

Црвена звезда го потврди трансферот на Олајинка

Фудбалскиот клуб Црвена звезда го потврди трансферот на Питер Олајинка. Нигерицот по завршувањето на сезоната, како слободен играч ќе пристигне во Белград од Славија Прага.

dobivaj vesti na viber

Олајинка потпиша преддоговор со црвено-белите кој ќе важи од јули оваа година, до летото 2026 година со опција за продолжување. Црвена звезда започна да формира тимкој наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

Шампионот на Србија, директнот ќе оди во фазата по групи во елитното натпреварување.

Нигериец игра на крлините позиции во нападот, а може да игра и како класична „деветка“, има 27 години и беше многу важен шраф во тимот на Славија во изминатите неколку сезони.

Досега освои три шампионски титули во Чешка, а на 169 натпревари постигна 43 гола со 23 асистенции.

Со Славија играше во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига.

 

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026