Утрински Весник
Спорт

Претседателот на француската федерација се извини за коментарот за Зидан

Претседателот на француската федерација се извини за коментарот за Зидан

Претседателот на Француската фудбалска федерација, Ноел Ле Грат се извини за понижувачкиот коментар кој го направи за Зинедин Зидан и можноста тој да стане селектор на репрезентацијата.

dobivaj vesti na viber

Откако во саботата беше потврдено дека Дидие Дешам останува на кормилото на „триколорите“ до 2026, Ле Грат во изјава за „РМЦ спорт“ ја отфрли можноста Зидан да стане селектор, шегувајќи се дека „не би му кренал телефон“ доколку Зидан му се јавел. 81-годишниот Ле Грат потоа беше критикувн од Килијан Мбапе, но и од Реал Мадрид за понижувачката изјава и сега се извини за своите „несмасни изјави“.

„Би сакал да се извинам за тие изјави, кои апсолутно не го претставуват мојот став за тоа каков фудбалер и каков тренер стана Зинедин Зидан. Дадов интервју за ‘РМЦ’ кое не требаше да го даадам, бидејќи тие бараа да напрват контроверза спротиставувајќи ги Дешам и Зидан, два великани на фраанцускиот фудбал. Признавам дека дадов несмасни изјави кои предизвикаа недоразбирање“, вело Ле Грат.

Мбапе: Зидан е Франција, мораме да го почитуваме

„Не би му кренал телефон на Зидан“

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина