Утрински Весник
Спорт

Наполи бара „англиски“ рецепт по тепачката на навивачите

Наполи бара „англиски“ рецепт по тепачката на навивачите

Наполи ги осуди судирите на нивните „наводни фанови“ на автопатот А1 во Италија и побараа од владата да ги преземе „потребните чекори“ по пример на англискиот фудбал. Ултрасите на Наполи и Рома, кои патуваа на север за мечевите со Сампдорија, односно Милан во саботата учествуваа во масовна тепачка предизвикувајќи редици од 8 километри.

dobivaj vesti na viber

„Наполи целосно го осудува однесувањето на некои наводни фанови, кои за жал уште се дел од италијанските стадиуми, предизвкувајќи проблеми за вистинските навивачи. Дури застрашувачки, тоа што се случи на А1 автопатот немаше врска со фудбалското навивање. Англија во 1980-тите ги избрка тие кои прават проблеми од стадионите, правејќи го англискиот фудбал најбезбеден и најспектакуларен на светот, со драстични, но потребни и ефективни мерки. Се надеваме дека министерот за внатрешни работи, Матео Пјантедози ќе ги преземе овие мерки. Неприфатливо е поради стотина луѓе сите да добијат забрана за гостување“, велат од Наполи.

Можете да прочитате

ЗОИ 2026: Лолобриџида го освои олимпиското злато на 3.000 метри на својот роденден, поставувајќи рекорд на Игрите

Мбапе испрати извршител до ПСЖ да си го наплати долгот

Осогово и Вардар играа во чест на починатите во „Пулс“