Утрински Весник
Спорт

Реал загуби кај Вилјареал и остана без двајца играчи

Реал загуби кај Вилјареал и остана без двајца играчи

Реал Мадрид, во саботата, загуби од Виљареал и остана без двајца важни играчи. Давид Алаба и Орељан Чуамени.

dobivaj vesti na viber

Чуамени пред време го заврши натпреварот на „Ел Мадригал“, додека Алаба беше на теренот во текот на сите 90.минути. Клубот информира дека повредите не се многу сериозни, но дека и покрај тоа двајцата ќе паузираат околу три недели.

Во овој период Реал има исклучително тежок распоред. Во среда во Ријад ќе игра против Валенсија, во полуфиналето на Суперкупот. Доколку победи, во недела ќе го игра финалето против Барселона или Бетис.

Потоа „кралскиот клуб“ ќе ги има дуелите со Атлетик Билбао и Реал Сосиедад во првенството и Виљареал во Купот на Шпанија.

Јасно е дека на позицијата на која игра Алаба ќе застане Антонио Ридигер, додека во редот за врска крај Модриќ и Крос ќе игра Валверде, додека Анчелоти ќе треба да реши кој ќе игра по десната страна во нападот.

Можете да прочитате

Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа

Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ