Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Со одбивањето на мерките против загадениот воздух, ВМРО-ДПМНЕ потврдува дека ја интересираат само тендери и провизии

Одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ на мерките на СДСМ против загадениот воздух, како и иницијативата за вонредна седница на Советот за загадувањето во Скопје, е уште еден показател за неодговорноста на партијата предводена од Христијан Мицкоски, соопштија од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ, како што додаваат, ја интересира само за тендери и провизии за богатење одредени поединци, но и не и граѓаните.

„За жал, сите граѓани ја плаќаат цената од неодговорниот однос на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – Арсовска – Левицата. ВМРО-ДПМНЕ да престане да тера инает, ова не е време за политика, туку за дејствување, мерките против загадувањето се од значење за сите граѓани на Скопје“, се додава во реакцијата од партијата на власт.

Можете да прочитате

ДУИ обвинува за дискриминација на Албанците во Царинската управа

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, Виница и Струмица

Македонија зборува со музика, душа и почит – Симон Трпчески со „Македонисимо“ одржа концерт во Рим