Утрински Весник
Магазин

Емили Ратајковски: Привлекувам најлоши мажи

Емили Ратајковски: Привлекувам најлоши мажи
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Супермоделот Емили Ратајковски јавно ги изнесе своите поплаки за другиот пол.

Pet Utrinski

dobivaj vesti na viber

Во последното издание на поткастoт High Low with EmRata 31-годишната манекенка, актерка и успешна деловна жена фрли малку светлина врз своите неодамнешни врски по разделбата од сопругот Себастијан Бер-Меклард.

Screenshot

„Се чувствувам како да ги привлекувам најлошите мажи“, изјави Емили, автор на „Мое тело“.

Емили, чии поранешни момчиња беа Бред Пит и Пит Дејвидсон, го сподели својот став за појаката половина.

 

„Сакам самоуверен маж. Не сакам премногу самоуверен, кој треба нешто да докаже и се обидува да го докаже тоа преку мене. Тоа не е она што го сакам“.

Ратајковски исто така откри дека динамиката е нешто што придонесува за нејзините амбивалентни чувства кон додворувањето четири месеци по поднесеното барање за развод од продуцентот на Uncut Gems, со кој го има 22-месечниот син Силвестер Аполо.

„Тоа е она што го мразам кај средбите… особено средбите со мажи“, рече ѕвездата на Gone Girl.

„Тие велат: ти си посебна, успешна си. И на почетокот тоа им одговора, а потоа се чувствуваат омаловажени и не знаат што да прават со тие чувства и почнуваат да те презираат. Почнуваат да те рушат, а потоа се враќаш на почеток“.

Можете да прочитате

Осум начини да го одржите вашиот мозок здрав

Нигериски крал  роднина на Меган Маркл

Гејл Дин, медицинско чудо од Сиднеј: Победи пет карциноми, отстранети ѝ се 11 органи