Утрински Весник
Македонија

Приведени разбојници непосредно по извршеното кривично дело

Приведени разбојници непосредно по извршеното кривично дело

Денеска, во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А. Г. (21) од с. Сингелиќ, Скопско, и 16-годишник од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Тие се сомничат дека околу 10.10 часот пред продажен објект на улицата Жегљане извршиле разбојништво од возило „пежо боксер“, сопственост на фирма.

Имено, тие пред објектот со закана од вработениот дистрибутер А. Ш. (39) од Скопје одзеле пари од дневниот промет по што заминале со возилото „пежо боксер“, а во с. Стајковци некои од производите префрлиле во друго возило, но набргу биле фатени и приведени.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Активен пожарот помеѓу Слупчане и Ваксинце, зафатена сува трева и нискостеблеста шума

„Јон Вардар против Галаксијата“ со награда за најдобра анимација во Италија

Концерт на Ана Дурловски и Анахит Тер-Татшатјан за роденденот на „Охридско лето“