Утрински Весник
Спорт

Јувентус без Влаховиќ до крајот на јануари

Јувентус без Влаховиќ до крајот на јануари

Душан Влаховиќ, најскапиот играч во овој состав на Јувентус, ќе отсуствува од тимот до крајот на јануари. „Тутоспорт“, пишува дека тренерот Масимилијано Алегри се надева, дека од февруари ќе може да смета на српскиот напаѓач.

dobivaj vesti na viber

Душан Влаховиќ последниот натпревар за Јувентус го одигра на 25.октомври, во Лигата на шампионите, кога „страта дама“ доживеа пораз во Лисабон од Бенфика. Напаѓачот беше со Србија на Мундијалот во Катар, не играше против Бразил, а против Камерун и Швајцарија играше по 70 минути.

„Тутоспорт“, пишува дека Влаховиќ ќе го пропушти дербито против Наполи и дека сигурно нема да биде во тимот и против Монца, односно Аталанта.

Влаховиќ пред една година пристигна во Јувентус од Фиорентина. Трофејниот клуб за неговите услуги издвои 82.600.000 евра.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари