Утрински Весник
Спорт

„Мурињо ќе биде новиот селектор на Бразил“

„Мурињо ќе биде новиот селектор на Бразил“

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо најверојатно ќе биде новиот селектор на Бразил, изјави поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Карлос Алберто, пренесува специјализираниот фудбалски портал „Goal.com“.

dobivaj vesti na viber

Бразил моментално е без селектор, бидејќи Тите поднесе оставка по елиминацијата од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство, кое заврши на 18. декември во Катар.

Еден од кандидатите за нов тренер на „кариоките“ е Мурињо, кој одби да ја преземе португалската репрезентација, бидејќи има договор со Рома до јуни 2024 година.

„Ова директно ќе го кажам. Мурињо најверојатно ќе биде новиот селектор на Бразил. Официјално ја објавувам оваа вест. Мурињо ме замоли да му бидам помошник во стручниот штаб”, изјави Алберто во подкастот за “Mundo GV”.

Алберто (38) одиграл пет натпревари за Бразил, а во 2004 година со Порто предводен од Мурињо ја освои Лигата на шампионите.

Можете да прочитате

Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк