Утрински Весник
Свет

Столтенберг: Потценувањето на Русија може да доведе до големи последици

Шефот на НАТО: Путин сака да ја искористи зимата како оружје за војна

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Стокхолм и Хелсинки го почитуваат трилатералниот меморандум што го потпишаа со Анкара и дека денес, во се поопасниот свет, „уште поважно е Шведска и Финска да станат членки на НАТО“.

dobivaj vesti na viber

Столтенберг повика на поголема поддршка за Украина и предупреди дека потценувањето на Русија може да доведе до „големи последици за безбедноста во нордискиот регион“, објавено е на веб-страницата на НАТО.

Тој изрази уверување дека „наскоро ќе може да им приреди топло добредојде на Шведска и Финска“ во Алијансата.

На маргините на безбедносната конференција што се одржува во Селене, Шведска, Столтенберг се сретна со шведскиот премиер Улф Кристерсон, шведските министри за надворешни работи и одбрана, како и со лидерката на опозицијата Магдалена Андерсон.

Столтенберг потсети дека досега 28 од 30-те земји на НАТО алијансата го ратификувале влезот на Шведска и Финска во НАТО, а тоа се уште не го сториле само Унгарија и Турција.

Можете да прочитате

Трамп ја покани ЕК да биде член на Комитетот за мир во Газа

На 22 јануари вонреден самит на ЕУ

Глобалните моќници се собираат во Давос, Трамп предводи со говор и прием