Утрински Весник
Свет

Поминале 60 часа без храна и вода под земја, тројца рудари спасени во Авганистан

Поминале 60 часа без храна и вода под земја, тројца рудари спасени во Авганистан

Тројца рудари заробени по лизгање на земјиште во рудник за злато во североисточната авганистанска провинција Бадахсан се спасени, соопштија локалните власти.

dobivaj vesti na viber

Рударите поминале повеќе од 60 часа без храна и вода под земја во областа Јаван пред да бидат спасени од локалното население и властите.

Тие ископале тунел за да извлечат злато, но тој се урнал неколку часа пред земјотрес да го погоди регионот.

Спасените рудари беа пренесени со воен хеликоптер во болница во главниот град.

Локалните власти велат дека спасувачката мисија била тешка бидејќи се работело за планинско подрачје со лоши патишта, а имало и недостиг на соодветна опрема.

Во провинцијата Бадахсан има рудници за злато кои локалното население незаконски и непрофесионално ги експлоатира за нивните секојдневни потреби.

Можете да прочитате

Епидемија на мали сипаници се шири во САД

EK отпушти висок функционер поради „примање подароци“ од Катар

СЗО бара повисоки даноци на зашеќерени и алкохолни пијалоци