Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Најмалку 40 загинати при судир на два автобуси во Сенегал

(Видео) Најмалку 40 загинати при судир на два автобуси во Сенегал
300x250 opst2

Во судир на два автобуса во централниот дел на Сенегал, најмалку 40 луѓе загинаа, а десетици луѓе се повредени, објави претседателот на Сенегал, Маки Сал.

dobivaj vesti na viber

Според објавата на претседателот Сал на Твитер, несреќата се случила во селото Гниви во регионот Кафрин околу четири и пол часот наутро по локално време, пренесува АП.

„Длабоко ме растажи веста за трагичната сообраќајна несреќа која однесе 40 животи, а многумина беа тешко повредени. Од се срце им изразувам сочувство на семејствата на загинатите и посакувам за повредените брзо закрепнување“, напиша Сал. Претседателот на Сенегал поради оваа несреќа прогласи тридневна жалост во целата земја.

Сообраќајните несреќи се чести во Сенегал, главно поради недисциплина на возачите, лоши патишта и дотраени возила.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот