Утрински Весник
Спорт

Американците го освоија првиот Јунајтед тениски куп

Американците го освоија првиот Јунајтед тениски куп

Тејлор Фриц го совлада Матео Беретини со 7:6(4)/7:6(6) за да ја потврди 3:0 победата на САД над Италија во првото издание на Јунајтед купот, мешаниот подготвителен турнир за Австралија опен, кој го замени на календарот Хопман купот.

dobivaj vesti na viber

Џесика Пегјула прво со 6:4/6:2 ја совада Марта Тревизан, за Френсис Тијафоу да ја удвои предноста откако Лоренцо Мусети мораше да се повлече од мечот откако го загуби првиот сет со 6:2 поради повреда. Најдобриот италијански тенисер, Беретини го намачи Фриц, но на крајот загуби.

Американците, кои беа единствениот тим на турнирот со четири сингл тенисери и тенисерки во топ 20, претходно ги победија сите мечеви на турнирот со 5:0.

Можете да прочитате

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија

Гвардиола му честиташе на Арсенал за освојувањето на титулата во Премиер лигата

Ѓоковиќ до Синер: Добредојде во клубот