Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ВМРО-ДПМНЕ да не тера инает, потребна е седница на Советот на Град Скопје за загадениот воздух, смета СДСМ

Се препорачува ослободување од работа на неколку групи на лица поради загадувањето
Img 7972

Владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија укажа на поребата од седница на Град Скопје посветена на мерки  за загадениот воздух.

dobivaj vesti na viber

Партијата до опозициската ВМРО-ДПМНЕ порача да не тера инает туку да ги прифати мерките и предлогот за вонредна седница.

„Скопје изминатите денови беше на врвот на листата на најзагадени градови во светот, што директно влијае врз здравјето на луѓето. Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција во Скопје со Левица и Арсовска не преземаат ништо за да го решат овој проблем. За жал, сите Скопјани скапо ја плаќаат цената за ваквото неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Арсовска“, велат од СДСМ.

Партијата предлага итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз, воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје, зголемување на средствата за борба против загадувањето од градскиот Буџет, финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, изготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје, чистење/миење на улиците и јавните површини со цистерни, како и безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност.

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ