Утрински Весник
Свет

Илјадници Курди протестираа во Париз

Илјадници Курди протестираа во Париз

Илјадници Курди од цела Франција и Европа протестираа денеска во Париз.

dobivaj vesti na viber

Протестот беше организиран поради нерасчистеното убиство на тројца курдски активисти во француската престолнина на денешен ден пред 10 години и убиството на тројца Курди пред курдскиот културен центар во Париз пред две недели.

Протестите се одржаа на 10-годишнината од убиството на Сакина Цензиз, Фидана Догана и Лејла Сајлемез, а демонстрантите сметаат дека во тоа злосторство била вмешана турската разузнавачка служба, пренесува АП. Осомничениот за убиството бил турски државјанин кој починал во притвор во Франција пред случајот да оди на судење, а турските власти тогаш сугерираа дека убиствата биле потенцијално дел од внатрешен конфликт меѓу курдските активисти или обид да се попречат мировните преговори со Турција.

Учесниците на протестот истакнаа транспаренти со портрети на жртвите, како и знамиња на Курдистанската работничка партија (ПКК), која е забранета во Турција и која земјата, САД и ЕУ ја сметаат за терористичка група.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот