Утрински Весник
Спорт

Сефте за Грениер во Светскиот куп

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Валерија Грениер го забележа првиот триумф во Светскиот куп во алпско скијање. Канаѓанката славеше во велеслаломот што се одржа во Крањска Гора.

dobivaj vesti na viber

Грениер целосно го заслужи својот триумф бидејќи беше најбрза во двете трки. Победи со вкупно време 1:55,01 минути.

Италијанката Марта Басино заврши на второто место со 37 стотинки зад победничката, додека Словачката Петра Влхова беше трета со минус од четири десетинки.

Една од фаворитите и лидер на Светското првенство, Микаела Шифрин беше само шеста со една секунда и 33 стотинки заостанување.

Марта Басино моментално е лидер во поредокот за велеслалом со 380 бодови, додека Микаела Шифрин води во генералниот пласман со 1015 бодови.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина