Утрински Весник
Свет

Во САД одобрен лек за Алцхајмерова болест

Во САД одобрен лек за Алцхајмерова болест

Американската Управа за храна и лекови (ФДА) го одобри лекот за Алцхајмеровата болест развиен од јапонската компанија „Еисаи и Биоген“ (Eisai Co Ltd и Biogen Inc), за пациенти во раните стадиуми на болеста, поради што пациентите ја губат меморијата.

dobivaj vesti na viber

Лекот, што ќе се продава под името „Лекемби“, е препарат што треба да ја забави прогресијата на тешката невродегенеративна болест со отстранување на лепливи наслаги на токсичниот протеин бета амилоид од мозокот.

„Еисаи“ најави дека лекот ќе биде пуштен во продажба по цена од 26.500 долари за едногодишен третман.

Можете да прочитате

Објавена е целата понуда на Путин за крај на војната во Украина

Зеленски го одби предлогот на Путин за повлекување од Донбас, и покрај поддршката од Трамп

Путин го сака цел Донбас во замена за мир