Утрински Весник
Свет

Курти го осуди пукањето врз српските момчиња: Осомничениот ќе се соочи со судот

Курти: Сакаме договор, но се чини дека Вучиќ и Белград не го сакаат

Косовскиот премиер, Албин Курти, го осуди ранувањето на двајцата српски државјани во близина на Штрпце, велејќи дека осомничениот за нападот, кој беше приведен од косовската полиција, ќе се соочи со судските органи.

dobivaj vesti na viber

Курти им посака брзо закрепнување на двајцата повредени, нагласувајќи дека истрагата ќе продолжи до целосно расчистување на случајот, пренесува Коха.

„Најостро го осудувам нападот врз двајца граѓани на Косово во Штрпце.Според информациите, младите мажи на возраст од 11 и 21 година се надвор од животна опасност и им посакувам брзо закрепнување. Косовската полиција веќе го уапси осомничениот, кој несомнено мора и ќе се соочи со судските власти. Надлежните единици ќе продолжат со истрагата се додека не се разјаснат сите околности на овој неприфатлив и осудувачки чин“, напиша Курти.

Косовскиот премиер изјави дека косовската полиција е максимално ангажирана во извршувањето на своите работни задачи за да ги заштити животите и имотот на сите без разлика.

 

Можете да прочитате

Кина остро се противи на американското обвинение за убиство против Раул Кастро

Најмалку четворица загинати при уривање на зграда во Мароко

Активистите од флотилата за Газа ќе бидат депортирани во Турција