Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Лидерот на талибанците за изјавата на Хари: „Треба да оди пред меѓународен суд“

Лидерот на талибанците за изјавата на Хари: „Треба да оди пред меѓународен суд“
300x250 opst2

Висок талибански функционер зборуваше за признанието на принцот Хари дека убил 25 талибанци во Авганистан, велејќи дека тој треба да биде изведен пред „меѓународен суд“ откако „гордо го признал злосторството“.

dobivaj vesti na viber

Имено, војводата од Сасекс, во своите мемоари кои беа објавени во четвртокот во Шпанија, изјави дека во текот на својата втора турнеја во Авганистан во 2012 година летал шест мисии и дека во таа прилика убил 25 талибански борци.

Талибанците, кои ја презедоа власта во Авганистан минатиот август, жестоко реагираа на признанието на принцот Хари.

„Принцот Хари секогаш ќе биде запаметен во Хелманд – Авганистанците никогаш нема да го заборават убиството на нивните невини сонародници“, изјави Калид Задран, портпарол на талибанската полиција во Кабул“, пренесува Телеграф.

„Сторителите на таквите злосторства еден ден ќе бидат изведени пред меѓународниот суд, а криминалците како Хари кои гордо ги признаваат своите злосторства ќе бидат изведени пред меѓународен суд“, нагласи тој.

Задран додаде дека описот на принцот Хари за оние што ги убил како „шаховски фигури“ и дека „ниту се гордее, ниту се срами“ од своите постапки е „суров, варварски“ и дека таквите дејства го легитимираат смртоносниот бунт на Талибанците против трупите на НАТО во Авганистан.

„Суровите и варварски постапки на Хари и другите го вознемирија авганистанското население и доведоа до вооружен бунт против нив. Овој тип на востание го нарекуваме свет џихад“, рече Задран.

Талибанската администрација во Кабул се уште не ја коментираше изјавата на принцот Хари.

Можете да прочитате

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха

Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната