Утрински Весник
Спорт

Мазрауи има воспаление околу срцето

Мазрауи има воспаление околу срцето

Баерн Минхен објави дека дефанзивецот Нусаир Мазрауи бил позитивен на корона вирусот за време на Светското првенство во Катар и дека подоцна било откриено дека има оток некакво воспаление околу срцето.

dobivaj vesti na viber

Мазрауи не отпатува со тимот во Катар на зимските подготвоки, пред продолжувањето на сезоната во Бундеслигата на 20 јануари.

Клубот објави дека Мазрауи бил позитивен на тестот за ковид-19 додека бил на Светското првенство на почетокот на декември и дека поради тоа не играл во четврт-финалето кога Мароко ја победи Португалија.

Неговото отсуство тогаш беше припишано на „неодредена болест“. Мазрауи потоа го одигра првото полувреме од полуфиналето против Франција, откако Мароко стана првата африканска и арапска репрезентација што се пласираше меѓу четирите најдобри селекции на Светското првенство.

Баерн изјави дека прегледот во Минхен по турнирот открил „благо воспаление“ и дека Мазрауи „засега не е достапен за натпревари“. Овој тип на воспаление е позната компликација на инфекција со корона вирусот.

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ