Нема потреба од вонредна седница, Ковачевски и Арсовска на тајните средби, покрај тендери, нека договорат за народот мерки за почист воздух, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Сите мерки кои ги има Јанчева или некој советник од СДС може да му ги даде на Ковачевски, кој е во тајна коалиција со Арсовска, и заради која соработка ВМРО-ДПМНЕ ја повлече поддршката за градоначалничката. Ковачевски на средбите со Јакимовски и Арсовска, освен тендери може да договори и некоја добра работа за граѓаните како што е почист воздух“, се наведува во писмената реакција.
Дури и во СДС до сега, како што дополнуваат во напишаното од партијата на Мицкоски, требаше да сфатат дека нивниот претседател е во коалиција со Арсовска, а плод на истата е и директорот на ЈСП, кадар на СДС, претпријатие преку чие ефикасно делување може да се намали загадувањето.
„Очигледно е дека во СДС не се знае кој што прави, па Јанчева или го опструира Ковачевски, или тој го опструира цело СДС, може тоа е и плус причина зошто пратениците му бараат избори, а тој бега“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.