Утрински Весник
Свет

(Видео) Уапсен синот на Ел Чапо

(Видео) Уапсен синот на Ел Чапо

Мексиканските власти го уапсија водачот на картелот Синалоа, Овидио Гузман, син на затворениот Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, изјавија денеска пет неименувани официјални лица за Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Овидио, кој стана клучна фигура во картелот Синалоа по апсењето на неговиот татко, беше накратко приведен од безбедносните сили во 2019 година, но брзо беше ослободен за да стави крај на одмаздничките насилства извршени од неговата нарко банда.

САД понудија награда од 5 милиони долари за информации кои ќе доведат до апсење или судење на Овидио, а неговото апсење доаѓа пред самитот на северноамериканските лидери во Мексико Сити следната недела, на кој ќе присуствува и американскиот претседател Џо Бајден и каде се работи за безбедносните прашања.

Еден мексикански функционер рече дека апсењето на Гузман најверојатно ќе докаже добредојден благодет за американско-мексиканските односи пред посетата на Бајден.

Градскиот аеродром во градот Кулијакан, каде што беше уапсен Овидио, е затворен и така ќе остане до вечерва, се наведува на Твитер.

Локалните власти ги повика луѓето да останат дома, а училиштата и административните канцеларии беа затворени поради можна одмазда од картелот како и пресметки на нарко бандите.

Хоакин Гузман (65) беше осуден во Њујорк во 2019 година за шверц на дрога вредна милијарди долари во САД и заговор за убиство, а отслужува доживотна казна затвор во Супермакс во Колорадо, најбезбедниот американски федерален затвор.

Можете да прочитате

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД

Реактор во нуклеарна централа во Јапонија се исклучи откако се активира аларм за проблем со генераторот

Во Британска Колумбија прогласена вонредна состојба поради пожар, евакуирани се 22.000 луѓе