Утрински Весник
Македонија

ЈП „Градски паркинг“-Скопје: Нема наплата на дел од паркинзите за време на божиќните празници

ЈП „Градски паркинг“-Скопје: Нема наплата на дел од паркинзите за време на  божиќните празници

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информира дека за време на божиќните празници јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање на 6 и 7 јануари 2023 година, односно нема да се врши наплата на истите.

dobivaj vesti na viber

„Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање без вршење на наплата на 7 јануари 2023 година. Додека пак, Кочо Рацин, Градска болница, клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време 00:00 – 24:00 часот и со редовна наплата на истите“, додаваат од оваа институција.

Можете да прочитате

По повеќе од две децении – Клиничката болница Битола добива нова современа опрема

Тошковски: 496 нови полициски службеници ја засилија македонската полиција – инвестициите во реформите и обуката создаваат професионални чувари на безбедноста

Бид Бук не е дозвола за набавка без тендери туку проектна апликација – Мицкоски ја манипулира јавноста за „Скопје 2028″