Утрински Весник
Македонија

Фатен криминалец осуден на казна затвор од 20 години

Претрес во Виница, пронајдена дрога, приведено едно лице

Денеска во Скопје бил фатен 27-годишен скопјанец кој бил баран со потерница за доиздржување затворска казна.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, С.М. бил приведен на ул.„Лисец“ во Скопје, а бил осуден на казна затвор од 20 години за сторени кривични дела по член 186 и член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, за доиздржување на шест години и два месеци од казната.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Можете да прочитате

„Безбеден град“ регистрираше 28.494 прекршоци за еден месец – најмногу за брзо возење

Средношколци со социјален танц-театар пред Собранието повикаа на поголема заштита од врсничко насилство

Седум и пол години затвор за Вангелица Илијевска од Кратово по преквалификација на делото во „убиство на миг“