Утрински Весник
Македонија

Надминат прагот на алармирање за загаденост на воздухот во Кичево

Надминат прагот на алармирање за загаденост на воздухот во Кичево

На 2 и 3-ти јануари годинава биле регистрирани повеќе од 150 микрограми на кубен метар ПМ 10 честички во воздухот во Кичево, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

dobivaj vesti na viber

„ Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мернoто место во Кичево.

Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.

Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до Општина Кичево за епизодата на алармантно загадување на воздухот“ наведуваат од МЖСПП.

Можете да прочитате

Собранието го изгласа Законот за средно полициско училиште

Сиљановска-Давкова прими претставници на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“

Мицкоски: Велигден нè потсетува дека токму преку сплотеноста и човечноста можеме да ги надминеме сите предизвици