Утрински Весник
Спорт

Почина ко-претседателот на Вест хем, Голд, човекот кој го купи клубот со пари од порнографија

Почина ко-претседателот на Вест хем, Голд, човекот кој го купи клубот со пари од порнографија

Ко-претседателот на Вест хем, Дејвид Голд почина на 86-годишна возраст, потврди лондонскиот клуб, објавувајќи дека тој имал кратка болест. Голд, кој беше роден во близината на стариот стадион на Вест хем, „Болејн граунд“, стана ко-сопственик на клубот во 2010 година, откако ги продаде акциите во Бирмингем сити.

dobivaj vesti na viber

Неговиот татко, Годфри „Голди“ Голд повеќе пати беше во затвор каако познат криминалец од Ист Енд, додека Дејвид Голд направи милиони преку порнографските магазини „Растлер“ и „Рејдер“, ко ги продаде во 2007 година.

„Сакам да пратам порака на сочувство до целото семејство на Дејвид Голд во овие тешки моменти. Тој беше чест посетител во нашиот тренинг-центар со постојана поддршка за мене и за играчите. Ќе ни недостасува“, изјави менаџерот на премиерлигашот, Дејвид Мојс.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност