Папата Франциск го опиша својот претходник Бенедикт XVI, кој почина на Нова година, како голем соопштувач на верата.
„Покојниот папа беше „голем мајстор на катехезата“, рече папата Франциск денеска на почетокот на генералната аудиенција во Ватикан.
„Неговата остра и нежна мисла не беше самореферентна, туку црковна, бидејќи тој секогаш сакаше да нè придружува за да се сретнеме со Исус“, рече папата Франциск за почесниот папа, роден во Баварија, кој почина во саботата на 95-годишна возраст.
„Исус, распнат и воскреснат, жив и Господ, беше патот по кој нè одведе Бенедикт, држејќи нè за раце. Нека ни помогне повторно да го откриеме Христос во радоста на верата и во надежта за живот“, додаде Франциск.
Папата Франциск претходно се појави со верниците кои дојдоа да му оддадат последна почит на покојниот Бенедикт, чие тело е изложено во базиликата Св. Петар.
Вчера и завчера, според податоците на гардата на Ватикан, околу 90.000 луѓе дошле да се простат од Бенедикт XVI.