Утрински Весник
Магазин

Џереми Ренер се огласи од болничкиот кревет

Џереми Ренер се огласи од болничкиот кревет

Актерот Џереми Ренер имаше несреќа чистејќи го снегот на 1 јануари, по што итно беше префрлен во болница во Рено, Невада, а сега им се обрати на своите фанови со објава на „Инстаграм“.

dobivaj vesti na viber

„Ви благодарам за убавите зборови. Во моментов не сум во можност за типкање, но на сите ви испраќам љубов“, напиша актерот покрај фотографијата направена во болнички кревет, а многу колеги како Крис Хемсворт, Кејт Бекинсејл, Кејт Хадсон и Крис Еванс во коментарите му посакаа брзо закрепнување.

Според „Дејли мејл“, кој ја цитира градоначалничката на Рено, актерот му помагал на мотоциклист кој останал заглавен во снегот кога бил повреден од плуг.

„Во неделата, на 1 јануари, Ренер се обидувал да му помогне на возачот кој бил заглавен пред куќа на снежната страна на планината кога го прегази сопственото возило“, изјави градоначалничката Хилари Шив. Во несреќата актерот се здобил со сериозни повреди , но сега е во стабилна состојба.
Извор близок до актерот открил за Си-ен-ен дека актерот досега имал две операции и дека повредите се сериозни.

Можете да прочитате

Направете го ова утре за благодет на домот – го славиме заштитникот на семејствата и брзиот услишувач на молитви

Три вида зеленчук кои можат да го забават стареењето и да го зајакнат имунитетот

3 хороскопски знаци ќе имаат судбоносна средба до 24 декември: Венера влегува во Стрелец