Утрински Весник
Економија

Цените на гасот во Европа паднаа за седум отсто

Цените на гасот во Европа паднаа за седум отсто

 

dobivaj vesti na viber

Цените на гасот во Европа од денеска се пониски за седум отсто и изнесуваат 730-735 долари за илјада кубни метри, што значи дека паднаа под 750 долари за првпат од февруари минатата година, објави лондонската берза ICE, пренесува РИА Новости.

На 19 декември земјите од Европската унија се договорија за максимална цена на гасот од 180 евра за мегават час (околу 2.000 долари за илјада кубни метри по сегашниот курс), а оваа мерка ќе стапи на сила од 15 февруари, со цел да се заштити населението а економијата од поскапувањата.гас.

Високата цена на енергијата во Европа, според западните медиуми, предизвикала најголема инфлација во последните неколку децении.

Можете да прочитате

„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот од СДС несреќен поради успесите на државата, седум квартали раст на БДП над 3% и намален државен долг

Нема потреба од нови мерки, храната поевтинува велат од Министерство за економија