Утрински Весник
Свет

Путин нареди филмови за руската инвазија на Украина да се прикажуваат во кината

Путин нареди филмови за руската инвазија на Украина да се прикажуваат во кината

Рускиот претседател Владимир Путин и нареди на владата до февруари да организира прикажување на „документарни филмови за офанзивата на руската армија во Украина“ во кината до февруари.

dobivaj vesti na viber

На Министерството за култура е да достави предлози за гарантирање на прикажување на национални документарни филмови во кината на теми поврзани со специјалната воена операција и сузбивањето на ширењето на неонацистичката и неофашистичката идеологија, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Кремљ.

Русија рече дека сака да ја денацизира земјата со офанзива во Украина, а Кремљ го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски и властите во Киев за соработка со ултранационалистичките сили.

Одлуката доаѓа по серијата порази кои руската армија ги претрпе во Украина, па во последните месеци мораше да се повлече од регионот Харков на североисток и од градот Херсон на југ.

Вчера руската армија мораше да ги признае загубите во Макиивка во источна Украина, каде загуби најмалку 63 војници во напад на украинските сили.

Русија веќе донесе низа закони за контрола на јавниот говор во врска со таканаречената специјална воена операција, која ја нарекува конфликт.

Според тој закон, најстрого се казнува секој што ќе објави информации за вооружените сили за кои судството смета дека се лажни,пренесе Индекс.хр.

Можете да прочитате

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ

Орбан: За мир во Украина потребна е средба меѓу Путин и Трамп

Амнести Интернешнл: Израелскиот предлог за „хуманитарен град“ е намера за воени злосторства