Утрински Весник
Свет

Рекордно високи температури во јануари во Европа

Рекордно високи температури во јануари во Европа

Европа се соочува со невообичаено топло време во јануари и бројни температурни рекорди се срушени на Стариот континент, пишува „Индипендент“.

dobivaj vesti na viber

Според весникот, најмалку седум европски земји забележале рекордно високи температури на првиот ден од Новата година.

Во Белорусија, Данска, Чешка, Летонија, Литванија, Холандија и Полска е регистрирана температура вообичаена за пролет.

Во Високаје, Белорусија, измерени се рекордни 16,4 степени Целзиусови. Претходно највисоката температура во јануари беше 4,5 степени.

Рекордни 19 степени Целзиусови се измерени во полското село Корбиелов. Просечната температура за областа во овој период од годината е 1 степен.

Во Јаворник во Чешка температурата е за 16,6 степени повисока од вообичаената бидејќи се измерени 19 степени, а просекот за овој период е 3 степени Целзиусови.

Температура од 12,6 степени е измерена во Данска, 11,1 степени во Летонија, 14,6 степени во Литванија и 16,9 степени Целзиусови во Холандија.

„Врз основа на температурите и областите каде што се измерени рекордните вредности, овој период може да се смета за најекстремниот топлотен бран што некогаш бил регистриран во Европа“, рече климатологот Максимилијано Херера, кој ги следи екстремните температурни разлики.

Во Шпанија, 2022 година беше најтоплата година барем од 1916 година кога почнаа мерењата, објави Националната метеоролошка агенција (AEMET) на Твитер, истакнувајќи дека тоа е „првпат просечната годишна температура да надмине 15 степени Целзиусови“ и да достигне речиси 15,5 степени.

Исклучително топлото време продолжува и во 2023 година, бидејќи во повеќе градови на северот од земјава е измерена рекордно висока температура за Нова година.

Во Билбао се измерени 25,1 степен, што е највисока температура досега забележана во јануари.

Можете да прочитате

Путин забрани посвојување руски деца од граѓани на земји каде промената на полот е законски дозволена

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија