Утрински Весник
Спорт

Играч во НФЛ имаше срцев удар на теренот

Играч во НФЛ имаше срцев удар на теренот

Дербито на НФЛ шампионатот меѓу Синсинати Бенгалс и Бафало Билс беше прекинато во првата четвртина откако Дамар Хамлин доживеа срцев удар по контакт со противникот.

dobivaj vesti na viber

Хамлин првo стана, но по неколку моменти колабираше на теренот.

Во моментот на паузата Бенгалс водеа со 7:3, а челниците на натпреварувањето набрзо решија играта да не продолжи.

Дваесет и четиригодишниот Хамлин беше реанимиран на теренот повеќе од 30 минути, а потоа е пренесен во болница во тешка здравствена состојба, потврди лигата.

Фудбалерите на двата тима беа шокирани и во солзи ги следеа случувањата на теренот, а неколку фанови на Билс ја поминаа вечерта надвор од болницата во Синсинати за да му дадат поддршка на Хамлин.

„Неговите витални знаци се вратија во нормала и го заспаа за да му биде ставена цевка за дишење низ грлото. Моментно се прават други тестови. Ќе ве известиме веднаш штом ќе добиеме информации“, напиша на Твитер претставникот на Хамлин, Џордан Руни.

Од сите страни доаѓаат пораки за поддршка за играчот кој е во НФЛ лигата од 2021 година.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига