Утрински Весник
Свет

ЕП им го одзема имунитетот на двајца пратеници поради обвинувања за корупција

ЕП им го одзема имунитетот на двајца пратеници поради обвинувања за корупција

На барање на белгиското правосудство, Европскиот парламент денеска ја започна процедурата за одземање на имунитетот на двајца пратеници кои се под истрага за наводна корупција поврзана со работите на ЕУ и Катар.

dobivaj vesti na viber

„По барање на белгиските правосудни органи, покренав итна постапка за одземање на имунитетот на двајца пратеници во Европскиот парламент. Нема да има неказнивост. Нема такво нешто“, објави претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола на нејзиниот Твитер профил, пренесува Ројтерс.

Прес-службата на Европскиот парламент не ги објави имињата на двајцата европратеници за кои ќе се одлучува, но според Асошиејтед прес (АП), кој се повикува на два анонимни извори запознаени со случајот, станува збор за Италијанецот Андреа Коцолино и Белгиецот Марк Тарабела.

Можете да прочитате

Ужас во Германија: Ги нападнал со секира патниците во воз

Вториот човек на руската морнарица загина во Курск

Над 100 лица починале во Шпанија поради топлотниот бран