Утрински Весник
Спорт

Роналдо има клаузула во договорот според која повторно може да игра во ЛШ

Роналдо има клаузула во договорот според која повторно може да игра во ЛШ

Кристијано Роналдо (37) пред неколку дена стана играч на Ал Наср, а утре и официјално ќе биде претставен како нов играч на лидерот во шампионатот на Саудиска Арабија.

dobivaj vesti na viber

На 30.декември минатата година, Роналдо го потпиша најголемиот договор во историјата на фудбалот. Годишно ќе заработува 200 милиони евра, во сумата е вклучен и комерцијалниот дел од договорот.

Роналдо беше без клуб повеќе од еден месец откако на 22. ноември спогодбено го раскина договорот со Манчестер јунајтед.

Сепак, како што пишуваат шпанските медиуми, наводно постои скриена клаузула во договорот на Кристијано Роналдо со Ал Наср, во која се наведува дека постои можност легендарниот Португалец повторно да се обиде во англиската Премиер лига следната сезона и повторно да игра во Лигата на шампионите.

Имено, Роналдо наводно следната сезона може да му се приклучи на Њукасл јунајтед, клуб кој го држат саудиските сопственици, доколку „страчките“ изборат место во Лигата на шампионите. Њукасл моментално се наоѓа на трето место и има реални шанси да се пласира во елитното натпреварување следната сезона.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност