Утрински Весник
Спорт

Силвињо селектор на Албанија, помошници ќе му бидат Забалета и Доривал

Силвињо селектор на Албанија, помошници ќе му бидат Забалета и Доривал

Силвио Мендес Кампос Жуниор, во светот на фудбалот познат како Силвињо, е новиот селектор на фудбалска репрезентација на Албанија.

dobivaj vesti na viber

Фудбалскиот сојуз на Албанија, во понеделникот соопшти дека Силвињо е назначен на селекторската функција, на местото на Италијанецот Едуардо Раја, кој ја водеше репрезентацијата во изминатите три и пол години.

Силвињо ги избра и своите помошници, и тие се познати имиња во фудбалскиот свет. Станува збор за легендарниот Аргентинец Пабло Хавиер Забалета и Бразилецот Доривал Жуниор.

Договорот со новиот стручен штаб е потпишан на 18 месеци, до крајот на Европското првенство во 2024 година, а како што најавуваат од Фудбалскиот сојуз на Албанија, финансискиот дел на договорот ќе зависи од успехот на репрезентацијата и постигнатите цели.

Главната задача која е поставена пред Силвињо е пласман на ЕП. Во случај таа задача да биде остварена, селекторот и неговите помошници ќе добијат одредени финансиски бонуси.

Силвињо ја започна својата тренерска кариера во 2011 година кога го водеше Крузеиро, а ги водеше и Спорт Ресифе, Наутико, Коринтијанс и Интер, а беше асистент во бразилската репрезентација пред да го преземе Олимпик од Лион, а потоа и Коринтијанс.

Како играч настапуваше за Коринтијанс, Арсенал, Селта, Барселона и Манчестер сити каде ја заврши кариерата.

Силвињо и неговиот тим ќе ги потпишат договорите во Тирана на 9. јануари, а истите ќе бидат претставени пред медиумите истиот ден во 11 часот.

Можете да прочитате

Вечерва се враќа Лигата на шампиони

ФИФА го осуди однесувањето на фудбалерите на Сенегал

Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација