Утрински Весник
Свет

Столтенберг: Западот мора да биде подготвен да даде долгорочна поддршка на Украина

Столтенберг: Западот мора да биде подготвен да даде долгорочна поддршка на Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека западните земји мора да бидат подготвени да дадат долгорочна поддршка на Украина, бидејќи Русија не покажува знаци дека ќе попушти.

dobivaj vesti na viber

Столтенберг изјави за Би-Би-Си дека воената поддршка ќе обезбеди опстанок на Украина како суверена земја и ќе ја принуди Русија да седне и да преговара за крај на војната.

Како што рече, делумната мобилизација на Русија, која започна во септември, покажа дека Москва во моментов нема желба да ја прекине војната.

– Украинските сили имаа моментум неколку месеци, но знаеме дека Русија мобилизираше многу повеќе сили, многу од нив сега се на обука – рече Столтенберг.

Тој додаде дека сето тоа укажува дека, како што рече, Русија е подготвена да ја продолжи војната и да се обиде потенцијално да започне нова офанзива.

– Сега мораме да и пружиме поддршка на Украина, вклучително и воена поддршка, бидејќи ова е единствениот начин да се убеди Русија дека мора да седне и да преговара со добра волја и да ја почитува Украина како суверена независна нација во Европа – рече тој.

Столтенберг заклучи дека она што Украина може да го постигне на преговарачката маса зависи целосно од нејзината сила на бојното поле.

Можете да прочитате

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД

Реактор во нуклеарна централа во Јапонија се исклучи откако се активира аларм за проблем со генераторот

Во Британска Колумбија прогласена вонредна состојба поради пожар, евакуирани се 22.000 луѓе