Утрински Весник
Свет

Хрватска го воведе еврото, на полноќ влезе во Шенген

Хрватска го воведе еврото, на полноќ влезе во Шенген

Хрватска на полноќ го воведе еврото и влезе во Шенген.

dobivaj vesti na viber

Обврската за двојно изразување на цените ќе трае до крајот на 2023 година.

На полноќ започна периодот на двојна циркулација, кој ќе трае до 14 јануари, а во тој период при готовински трансакции, покрај еврото, како законско средство за плаќање може да се користи и куната, пренесува Индекс.

Укинати се граничните контроли на копнените и поморските гранични премини, а на пролет ќе бидат укинати и на аеродромите.

На граничниот премин Брегана симболично беше подигната рампа и запалено зеленото светло за слободно минување на местото на поранешната гранична контрола.

Министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ во Брегана беше домаќин на словенечката министерка Сања Ајановиќ Ховник, а по кратка средба точно на полноќ истовремено беше подигната рампа од двете страни на границата, со што се овозможи слободен премин меѓу двете земји.

Пет минути пред полноќ полициски службеници на Брегана ја извршија последната гранична контрола.

Делегациите на двете земји потоа се упатија на словенечката страна, на просторот на поранешниот граничен премин Обрешје, каде началниците на полициските станици и полициските службеници меѓусебно се заблагодарија за досегашната соработка, со симболично отстранување на плакетите од зградата на полицијата во Обрежје,пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking