Утрински Весник
Свет

Британско предупредување за можни руски напади за време на празници

Британско предупредување за можни руски напади за време на празници
Dik 300x250 mk

Велика Британија предупредува дека Русија во наредните денови би можела повторно да изврши масовни напади врз Украина со цел да го поткопа моралот на украинските сили.

dobivaj vesti na viber

Според проценките на британското Министерство за одбрана, „постои реална можност руските сили да извршат удари со долг дострел врз Украина во наредните денови со цел да го нарушат украинскиот морал за време на новогодишните празници“ пишува лондонски Гардијан.

Во своето секојдневно известување, британското Министерство за одбрана рече дека од октомври, Русија го следи моделот на интензивен бран напади од долг дострел на секои седум до десет дена, од кои последниот беше извршен во четвртокот, примарно насочени кон објекти на електричната мрежа во Украина.

„Русија речиси сигурно го следи овој модел во обид да ја надмудри украинската противвоздушна одбрана“, се објаснува во соопштението, пренесува Танјуг.

Сепак, Министерството за одбрана на Велика Британија сугерира дека постои реална можност Русија да изврши напади порано, веќе во наредните денови, во обид да го поткопа моралот на украинското население за време на новогодишните празници.

Можете да прочитате

Нема враќање на средствата на „Лукоил“, дури и ако санкциите се укинат

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште