Утрински Весник
Свет

Руските олигарси во 2022 година поради санкциите загубија 95 милијарди долари

Руските олигарси во 2022 година поради санкциите загубија 95 милијарди долари

Најбогатите руски олигарси годинава загубија речиси 95 милијарди долари поради санкциите против Русија. Откако Русија ја започна инвазијата на Украина, олигарсите губат 330 милиони долари дневно, пишува Гардијан.

dobivaj vesti na viber

Роман Абрамович, поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Челси, беше најголемиот губитник. Неговото богатство падна за 57 отсто оваа година, на 7,8 милијарди долари, според индексот на милијардери на Блумберг.

Абрамович беше еден од првите олигарси кои беа предмет на санкции на Велика Британија на 10 март, откако министрите го обвинија дека има силни врски со режимот на Путин и дека е меѓу групата богати руски бизнисмени со „крв на рацете“.

Богатството на милијардерот Генадиј Тимченко, енергетски инвеститор и близок пријател на Путин, се намали за 48 отсто, на 11,8 милијарди долари.

Сулејман Керимов, уште еден сојузник на рускиот претседател, загуби 41 отсто што падна на 9 милијарди долари, според индексот.

Британската влада замрзна повеќе од 18 милијарди фунти од имотот на олигарсите и на другите Руси. Санкции беа наметнати на 1.271 лице – меѓу кои и Абрамович и „Кралот на никелот“ Владимир Потанин, вториот најбогат човек во Русија.

Можете да прочитате

Инцидент на карневал во САД: Убиени три лица, меѓу кои и бебе

Израел ја погоди зградата на иранската државна телевизија – програмата прекината

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран