Утрински Весник
Свет

Минск: Украинската ракета што падна во Белорусија веројатно е намерно лансирана

Минск: Украинската ракета што падна во Белорусија веројатно е намерно лансирана

Секретарот на Белорускиот совет за безбедност денеска изјави дека е „малку веројатно“ украинската ракета соборена вчера случајно да навлезе во белорускиот воздушен простор, пренесе руската државна агенција РИА.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за рускиот весник „Спутник Белорусија“, тој функционер исто така изјави дека веројатно има некаква „намера“ зад неговото лансирање.

Белоруската државна новинска агенција БелТА објави дека украинска противвоздушна ракета С-300 паднала на територијата на Белорусија во четвртокот за време на еден од најголемите руски ракетни напади врз Украина од почетокот на војната. Белоруското Министерство за одбрана соопшти дека украинската ракета е соборена од белоруската противвоздушна одбрана.

БелТА објави дека проектилот што паднал во Белорусија потекнува од украинска територија. Таа објави фотографија за која тврди дека покажува делови од ракета С-300 на празно земјоделско земјиште.

Можете да прочитате

Шведскиот Парламент поддржа задолжување до 26,8 милијарди евра за зајакнување на одбраната

Трошоците за Самитот на НАТО во Хаг ќе изнесуваат милион евра по минута

Ирански медиуми: Главната цел на утринскиот напад врз Израел беше седиштето на Командата и разузнавачката служба на ИДФ