Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Најважно е да има избори час поскоро и оваа власт на ДУИ поддржана од СДСМ да биде поразена

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11 милиони денари

За мене најважно е оваа влада да биде поразена на избори, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за шпекулациите дека последните месеци ќе има Албанец за премиер.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски потенцираше дека не навлегува во договорите на СДСМ и ДУИ, но доколку се оди според законот, тогаш премиер последните месеци во техничка влада треба да биде од редовите на најголемата владејачка партија а тоа е СДСМ.

Не навлегувам во договорите кои што ги има ова парламентарно мнозинство пред да се случи оваа влада која беше избрана 2020 година. но, законот е јасен. Законот вели дека мандатарот на техничка влада го предлага владејачката најголема партија, сега ако СДСМ и Ковачевски одлучат да го отстапат тоа место на ДУИ тоа е негова работа и тука не можам да се мешам, ниту пак имам бројки за да се мешам, бидејќи тоа е негова одлука, не е моја одлука. Ако го читаме законот премиер треба да биде од редовите на најголемата владејачка партија, во случајот тоа е СДСМ. Дали тоа така ќе биде и што ќе се помеѓу нив, јас не знам. Но, тоа е секундарно прашање, рече Мицкоски.

Според претседателот Мицкоски примарно прашање е што побрзо да има предвремени парламентарни избори се со цел владата на ДУИ поддржана од СДСМ да си замине.

Примарно прашање е час поскоро предвремени парламентарни избори и владата на ДУИ поддржана од СДСМ да си замине, порача Мицкоски.

Можете да прочитате

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето

СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, но нема пари за Кочани и за пожарникарите

Судењето против поранешниот директор на Онкологија, Васев и тројца онколози одложено за 5 септември