Утрински Весник
Спорт

Енцо Фернандез ја прифатил понудата на Челси

Енцо Фернандез ја прифатил понудата на Челси

Манчестер Јунајтед и Ливерпул тргнаа по Енцо Фернандез, а потоа во игра влезе и Челси кој според последните информации ја доби битката за новиот светски шампион. Според медиумите на Островот, аргентинскиот играч за врска Енцо Фернандез се договорил со „сините“ и прифатил преселба на „Стемфорд Бриџ“.

dobivaj vesti na viber

Останува неговиот сегашен клуб Бенфика да се договори со Челси за висината на трансферот и динамиката на плаќање.

21-годишниот фудбалер има договор со Бенфика до 2027 година, но и откупна клаузула според која е слободен за 120.000.000 евра.

Челси наводно не сака да ја плати оваа огромна сума одеднаш, „сините“ сакаат да го купат Фернандез на рати, со тоа што на крајот таа бројка би ги надминала бараните 120 милиони евра.

Фернандез ​​дојде во Бенфика ова лето од Ривер Плата за 12.000.000 евра. Колку покажа за шест месеци доволно говори и фактот што ќе биде продаден за десет пати поголема сума.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина