Утрински Весник
Магазин

Сопругата на Брус Вилис сподели видео од моментот кога се вљубила во него пред 15 години

Сопругата на Брус Вилис сподели видео од моментот кога се вљубила во него пред 15 години

Сопругата на актерот Брус Вилис, Ема Хеминг Вилис, на својот „Инстаграм“ објави видео од моментот кога се вљубила во него. Ема Вилис се огласи на социјалната мрежа и со фотографија на која се гледа како таа и Брус уживаат во зимските радости.

dobivaj vesti na viber

„Тоа беше зима пред 15 години, тогаш се вљубив во Брус од глава до петици. Тој е љубовта на мојот живот”, напиша Ема покрај видеото.

Ема и Брус се венчаа во март 2009 година по неколку години врска, а имаат две ќерки, Мејбел (10) и Евелин (8).

Брус има ќерки – Талула, Скаут и Румер – со поранешната сопруга Деми Мур и сите се во многу добри односи, особено во изминатите месеци, откако Брус се повлече од актерството поради афазија.

Семејството на Вилис кон крајот на март потврди дека му била дијагностицирана афазија, разорна состојба на мозокот што може да доведе до губење на способноста за разбирање и изразување. Вилис целосно се повлече од јавниот живот, а од неговото пензионирање речиси и да нема информации за неговото здравје. Она што се знае е дека деновите ги поминува со целото големо семејство, вклучително и Деми Мур и децата од претходниот брак.

 

Можете да прочитате

Викенд што долго ќе се прераскажува: Повеќе од 60 жени беа дел од настанот „dm bring your best friend” во Маврово

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски

Награда од 13.000 евра за победникот на натпревар во спиење во Јапонија